Makedonska Pravoslavna Crkva Sveti Kliment Ohridski - Avon, Ohajo
Македонски (Macedonian)English (United States)

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Saint Clement of Ohrid

Донации за црквата

Paypal_button1

Митрополит Американско-канадски Г. Методиј PDF Печати Е-пошта
Напишано од Prota Vasil   
Вторник, 19 Април 2011 00:00

mitropolit_metodij 

 НЕГОВО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО

МИТРОПОЛИТ АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКИ

ГОСПОДИН   М Е Т О Д И Ј

Роден е во Берово на 24 август 1963 година. Откако е регулирана состојбата во Скопје поради катастрофалниот земјотрес, неговото семејство се враќа во Скопје.
Основно и средно образование завршува во Скопје. Две години студира на Филолошкиот факултет, потоа се префрла на Православниот Богословски факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Својот монашки живот го започнува во 1995 година прво во манастирот “Св. Богородица Елеуса” - Велјуса, а подоцна во “Св. Леонтиј” – Водоча.
Во 1996 година ракоположен е за јеромонах и неколку месеци подоцна, за игумен на манастирот “Св. Илија” во Струмица.
Во
средината на 1998 година дипломира на Православниот Богословскиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје. Набргу потоа ги запишува посдипломските студии на Катедрата за македонска книжевност и започнува да работи како редовен профессор и заменик-ректор во Македонската православна богословија “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Во 2004 година произведен е во чин архимандрит, а во 2005 година хиротонисан е за епископ Велички.
Во 2006 година ја брани магистерската теза под наслов “Кочо Рацин и богомилите” со сто се стекнува со титулар магистер по филолошки науки.
Истата година, на 6 април, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го назначува за администратор на Американско-канадската Македонска православна епархија, а потоа и за нејзин надлежен архиереј и востоличен на 2 септември 2006 година во соборниот Епархиски храм “Св. Климент Охридски” во Торонто.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на новинарите на Македонија. Автор е на седум збирки и бројни есеи и студии. Главен и одговорен уредник е на списанието “Православен пат”. Член е на редакцијата “Портал” и соработник на списанието “Премин”. Членувал во интермедијалната група “Апореа” која подоцна се преименува во “Анастасија”. Од 1993 година главен и одговорен уредник е на списанието “Домострој”. Автор е на Програмата за веронаука за третите одделенија прифатена како официјална програма по веронаука од Светиот Архиерејски Синод за 2003 година и од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.
Моментално престојува во резиденцијата при епархискиот центар во седиштето на Епархијата во Торонто, Канада.

 

Последно освежено на Среда, 20 Април 2011 20:48